Кризниот штаб за борба против ширењето на коронавирусот во градот Бургас донесе одлука на жителите на ромските населби да им ја мери температурата со помош на дронови, соопшти телевизијата БТВ.
„Донесовме одлука да испробаме иновативен начин за мерење на зголемена температура кај жителите на ромските населби. Наскоро ќе го почнеме мерењето на температурата на Ромите користејќи беспилотно летало со термовизори“, изјави градоначалникот на Бургас Димитр Николов.
Тој објасни дека дронот може да забележи повишена температура на човек кој се наоѓа во група луѓе.
Како што наведуваат бугарските медиуми, во населбите во кои живеат Роми е засилено присуството на полицијата, која проверува дали се почитуваат вонредната состојба и карантинот.
Телевизија Нова соопшти дека во ромската населба Факултет во Софија се направени два контролни пункта и наведе дека ситуацијата таму е стабилна. Во моментов поради ситуацијата со коронавирусот во сите регионални центри во Бугарија (ги има 28) се воспоставени контролни пунктови.
You tube: https://www.youtube.com/watch?time_continue=1&v=b1B2TsJGfrw&feature=emb_logo