Членот на ИРУ, воедно и преставник на ИРУ во САД, Шон Д. Вискарсон , не информираше во врска со испратеното барање уште во Април 2019 година до Сенатот на САД за барање Признавање и одбележување на значајни настани за Ромите на територија на САД.
На тоа барање пристигна информација дека ова признавање ќе се случи за време на одржување на 116-от Конгрес на САД (Претставничкиот дом и Сенатот) каде ќе биде преставен и донесен предлог-закон со значителна двопартиска поддршка; Резолуција 292: како и Одбележување на наследството на Американските Роми и резолуцијата од Сенатот 141. С.Рес 141 кој ќе ја побара оваа подршка.
Поради состојбата со КОВИД – 19 , овој состанок за сега е одложен, но веднаш ќе се стапи во реализацјата на барањата за оваа 2020 година.
Резелуцијата кој ќе ги донесе Сенатот на САД се следните:
- Сеќавање на геноцидот на Ромите од страна на нацистичка Германија и нејзините партнери во „Оската “ и ја одбележува 75-годишнината од уништувањето на „Кампот за семејство на цигани“ каде што Ромите беа интервенирани во Аушвиц;
- Отварање на Меморијалниот музеј на холокаустот во САД за улогата во промовирањето на Сечавањето на холокаустот и едукацијата за геноцидот на Ромите;
- Признавање и поддршка на Интернационалниот ден на Ромите како можност да се испочитува културата, историјата и наследството на Ромите во САД како дел од поголемата Ромска глобална дијаспора; и
- Земање на учество на Стејт департментот во церемонии и настани што го слават Меѓународниот ден на Ромите и сличен ангажман од Владата на САД
Информациите може да ги погледнете на следниот линк: Link: https://www.congress.gov/bill/116th-congress/senate-resolution/141/related-bills