Започнува најголемата изолација во историјата на светот, во своите домови ќе бидат „затворени“ 1,4 милијарди луѓе

Индија ја започнува најголемата светска блокада која ќе трае 21 ден, најавил премиерот  Нарендра Моди. 

 

Индискиот премиер воедно ги предупредил граѓаните дека мораат да останат во изолација или да ризикуваат да ја повикаат пандемијата во своите домови.

 

За да се спаси Индија и секој Индиец , ќе постои целосна забрана за излегување од дома, изјавил Моди во телевизиското обраќање. Тој признал дека тринеделната блокада ќе биде голем удар за економијата на земјата , но смета дека алтернативата би можела да ја врати земјата со децении назад, пренесе Ројтерс.

 

Моди ветил дека со две милијарди долари ќе го зајакнува здравствениот систем . Тој денешната наредба ја нарекол „целосно затварање“ и не објавил дали некои вработени во услужните дејности ќе бидат исклучени од оваа забрана. Но, истакнал дека се преземени „сите чекори централната и државната влада да го осигурат снабдувањето со основни намирници“ .

 

Во Индија досега се регистрирани 469 позитивни на Ковид -19 и 10 смртни случаи. 

Pin It
FaLang translation system by Faboba

Сакам да речам

Momentalno Online

Имаме присутни 141 посетители кои го читаат ROMATIMES.NEWS

Golden Wheel - Entry Application Form

o Vakti

 booked.net

Најпопуларни

Flag Counter

Нашиот бројач брои од 13.01.2019
Брои исти посетители од кои земји го гледаат нашиот портал
Најдоле има вкупно колку е посетен порталот