Просветните инспектори да излезат од канцелариите и да ги идентификуваат децата Роми што не одат на училиште

Основното и средното образование во Македонија се задолжителни од 2008 година, но бројот на деца, пред се Роми, кои не посетуваат настава покажува дека оваа уредба од Законот за образование не се имплементира.

 

За жал, нема званична статистика од надлежното Министерство за образование колку навистина изнесува бројката на деца кои се надвор од училиштата, затоа што таа секојдневно е динамична и се менува.

 

Мора да се  напомене дека семејствата добиваа и условни парични надоместоци за секое дете вклучено во основно и средно образование преку МТСП, како дополнителна стимулација и мотивација. Но сепак околу 5 – 10% на деца Роми се надвор од образовниот процес.

 

Потребни се системски решенија во однос на исклученоста на децата Роми од системот на образование. Сигурно е  дека нема дете што не сака да оди во училиште, но дали тие деца имаат иста стартна позиција и можности како што имаат другите деца кои не се Роми.

 

Треба да се земе  предвид социо-економскиот статус на Ромите, кои години наназад живееат во сиромаштија, невработеноста кај истите директно влијае на поддршка на нивните деца во образованието и исклученоста на истите од образовниот процес.

Pin It
FaLang translation system by Faboba

Од 5 Ноември 2022 достапен документарниот филм на СП БТР „Небо, Точак, Земја„ на Max TV и Max TV GO со пребарување –Видеотека

Сакам да речам

6-to Romano Čhavorikanoo muzikakoro festivali 
„Čhavorikano Suno 2022“ – SP BTR

6-ти Ромски Детски музички фестивал
„Детски Сон 2022„ – СП БТР

6th Romani Children's Music Festival
"Children's Dream 2022" - SP BTR

Momentalno Online

Имаме присутни 118 посетители кои го читаат ROMATIMES.NEWS

o Vakti

 booked.net

Најпопуларни

Golden Wheel - Entry Application Form

Flag Counter

Нашиот бројач брои од 13.01.2019
Брои исти посетители од кои земји го гледаат нашиот портал
Најдоле има вкупно колку е посетен порталот