На 19 април 2020 година во Ниш, Р.Србија по кратко боледување на своја 54 годишна возраст почина долгогодишниот ромски новинар и активист Ферхат Саити.
Тој беше основател на РТВ Нишава.
Воедно основател беше и на ромската партија Единство. Во ромскиот активизам влезе во 1998 година кога учествуваше на VI Конгрес на ИРУ во Прага , Чешка. Беше член и на Националниот совет на Ромите и Лигата на Ромите.
Беше и директор на првата ромска градежна задруга Махала , Воедно беше и претседател на Советот за Човечки и малцински прав во ГУ Ниш.
Роден е на 28.01.1966 година.