Во саботата на 18.04.2020, без претходна најава и во текот на полицискиот час населбата Шуто Оризари остана без вода скоро половина ден. Да биде проблемот уште поголем прекинот на водоснабдувањето се случи без претходна најава.
Според информациите од ЈП Водовод и канализација се работи за уличен дефект на ул.Индира Ганди крак Чегевара.прекинот со водоснабдувањето имаа корисници на повеќе улици. Водоснабдувањето беше прекинато од 10:00 до 16:00 часот кога завршија и активностите.
Револтот на граѓаните беше насочен кон тоа дека сето ова се случи за време на полицијски час, без можност да отидат и евентуално да се снабдат со вода за пиење и не беа во можност да ја одржуваат најосновата хигиенска заштита во екот на пандемијата со Ковид 19.