Пред 29 седница на Штабот за вонредни состојби во градот Лесковац, секректарор на Црвениот крст на овој град Драган Величковиќ во разговор со својот колега . негодуваше на акцијата од страна на Црвениот Крст на Србија во врска со подела на хуманитарни пакети за Ромите во Лесковац и Јабланичкиот регион . Тој во својот разгговор Ромите ги именувал со „Цигани„ и продолжил во жаргонот:„Кој сега ќе оди по цигански населби, кој ќе се занимава сега со Циганите!„.
Но тој незабележал дека до него седеше и новинарот и уредник Зоран Саитовиќ кој е од ромска националност.
На тоа новинарот Саитовиќ го прашал Величковиќ да му даде информација за бројот и начинот на распределба на тие пакети, на што Величковиќ бурно реагираше и почна да го навредува новинарот на лична и фамилијарна основа.
По состанокот буквално Величковиќ ја напушти зградата без никаков одговор и објаснување.
Редакацијата на ROMinfomedia за овој инцидент и напад врз новинарот ќе ги информира здружението на новинари а против Драган Величковиќ ќе поднесе тужба до Заштитникот за права на граѓаните.