Пред осум години ТВ БТР Национал поведе постапка против партијата ПЦЕР за побарување на средства за несиплатена политичка кампања од страна на ПЦЕР кон медиумот ТВ БТР Национал. Во тој период ТВ БТР како медиум пушташе платена политичка кампања за ПЦЕР и нејзиниот лидер Самка Ибраимовски. Но ПЦЕР како партија не ги уплати бараните средства според договорт во висина од околу 280.000 денари. По отварање на спор помеѓу правното лице ТВ БТР и партијата ПЦЕР беше блокирана сметката и донесена беше извршна одлука.
Во два наврати поради финасирање на партијата за да може да опстои и да организира свој Конгрес, правното лице ТВ БТР се согласи да ја одблокира сметката на ПЦЕР за да биде во можност да прими средства но и да изврши дел од уплатата и на ТВ БТР и дел на извршителските трошоци. И во двата случаи тоа ПЦЕР не го сторил и повторно сметката на ПЦЕР е блокирана.
Но сега повторно неофицијално стигнато е писмо до ТВ БТР од неговиот адвокат дека судија од Тетово во посебна постапка донел наводно одлука за да се одблокира сметката на ПЦЕР за да може да ги прими средствата кој државата ги одвојува за финансирање на политичките партии, меѓу кои и ПЦЕР.
Дали навистина се случи тоа според информациите од ТВ БТР, ќе се дознае во скоро време кога ќе отвори случај за овој момент. Дали со овој акт е запознаен Министерството за Правда, Државниот завод за ревизија, УЈП и другите институции. Дали постои некое внатрешно лоби, или сепак сеуште е блокирана сметката на ПЦЕР, се вели во информацијата која пристигна од правното лице на ТВ БТР – Национал.