После недела дена мрак на 17 семејства од ромската населба Подворце повторно светнаа сијалиците.
Електродистрибуција Лесковац на почетокото од минатата недел поради дефект - искрење во еден дел од улицата Зеко Буљбаша во населбата Подворце ја исклучи електричната енергија.
По сиклучувањето , лесковачката електродистрибуција бараше од граѓаните да платат она што должеат, а сумата не беше мала, за да ги приклучат повторно во електросистемот.
По протестот на граѓаните пред погонот на електродистрибуција и состанокот со раководството на оваа компанија во Лесковац , дојде до договор.
Овие 17 семејства според договорот , мораа да плата 10% од долгот кој го имаат за струја, каде повторно им беше приклучена електричната енергија.