Како и претходно така и сега ТВ БТР Национал како правен субјект и нејзиниот сопственик, тврдат дека поради неисплатени средства за платена политичка програма и кампања во 2011 година кога имаше Предвремени парламентарни избори каде како лидер на ПЦЕР Самка Ибраимовски стана и пратеник во Собранието на Р.Македонија, иако поминаа скоро 9 години сеуште не ги исплатил средствата за кој е должен кон ТВ БТР Национал.
Официјално поради тие средства покрената е извршна постапка по која сметката на ПЦЕР е блокирана.
Според тврдењата на сопственикот на ТВ БТР-Национа, Партијата ПЦЕР е блокирана поради долгот кон медиумот во висина од 288.864 денари. Поради дицнењето каматат која е пресметана кон овој долг изнесува 302.832 денари.
Исто така за нотарски и адвокатски трошоци долгот изнесува 13.963 денари и пресметаната камата во висина од 14.590 денари .
Како судски трошоци премсетано е дека ПЦЕР должи 14.044 денари и каматата во висина од 13.204 денари.
Воедно ПЦЕР е должен и на Аплеација 8.284 и камата од 7.239 денари. Вкупниот долг изнесува 663.022 денари но истовремено и на тој долг потребно е да се внесат каматите во висина од 63.000 денари и адвокатски трошоци во висина од 6.136 денари.. Тогаш произлегува дека ПЦЕР е должен над 730 илјади денари или околу 12.000 евра.
Тогаш се поставува прашањето ако сметката на ПЦЕР е блокирана како функционира партијата? На кој начин и се исплаќаат средставата кој им следува на партиите и се финансирани од државата? ТВ БТР и понатаму преку правни инструменти ќе ја информира јавноста кој чекори ќе се превземаат во иднина за да се дознае целата вистина за функционирањето на ПЦЕР.