Уставните судии ја поништија одлуката функционерите да добиваат минимална плата додека трае корона-кризата.
Владата одлучи дека ќе им помага и на фирмите кои ќе отпуштат до 15 отсто од вработените. Во меѓувреме, граѓаните го донираат повратот на ДДВ-то за справување со кризата.
Фирмите ќе може да отпуштат до 15 отсто од вработените, а повторно да добијат владина помош. Синдикатите веднаш се заблагодарија на „првомајската честитка“ и побараа оставка од министерката.
Првично беше најавено дека се работи за мерка за спас на работните места и државна помош можеа да добијат само фирмите кои нема да отпуштаат вработени. Но, сега помош ќе им следува и на оние што ќе отпуштаат.
Владата се задолжува за да може да им помогне на газдите кои ќе отпуштат работници, а потоа тој долг ќе треба да го враќаме сите – и оние кои добиле помош и оние кои добиле отказ, коментираат граѓаните на социјалните мрежи.
Дополнително, граѓаните ќе плаќаат и повисока акциза на горивата. Робин Худ во македонска верзија – зема од сиромасите за да им помогне на богатите.