Дел од болницата во Хелсингборг беше делумно затворена поради големиот број заразени лица кај персоналот, а пациентите се пренесени во друг дел од установата.
Директорот на болницата Харалд Рос за шведското „Sverige radio“ изјави дека бројот на заразени лица е причина за загриженост, но тие ги следат упатствата за борба против пандемијата.
Во Шведска досега од вирусот корона починале 2.586 луѓе.
Шведскиот епидемиолог Андерс Тегнел предупреди дека тој број би можел да биде многу поголем заради доцнењата на пријавување на смртни случаи.