Ненад Пајиќ од Младеновац вели дека неговото семејство во вторник на 12 мај било изложено на псовки и навреди на национална основа од страна на две за нив непознати момчиња .
Всушност во дворот пред нивниот станбен објект дојдоа двајцата непознати момчиња на возраст од околу триесетина години , кој најпрво ја нападнаа неговата сосетка.
-Застанаа пред нашата зграда и почнаа да викаат „Циганим Цигани„ и дофрлуваа погрдни зборови. Започнаа да го удираат нејзиниот пес, и кога ги праша кој е поводот за тој напад, тие на старицата и одговорија: „Вас Циганите треба да ве истребиме, вие сте олош„
Во тој момент Ненад ги замоли момчињата да престанат со таквото однесување, но тие исто така повторуваа дека треба сите Роми да се истребат.
Воедно исто така сакаа и да го удрат.
Но во тој момент мојата мајка и сестра спречија поголем инцидент, затоа што Ненад е срцево болен и има епилепсија, висок крвен притисок и цисти во мозокот.
Можеше лесно да се случи ако случајно беше удрен по неговот здравје тој удар да биде фатален.
- Беа насилни и пцуеја, и еден напомена дека поради нас Ромите и претседателот Вучиќ, лежеше затвор 7 години , рече Ненад Пајиќ
Потоа мајка му Даниела скришум повика полиција која навистина брзо пристигна и момчињата беа уапсени.