Ромската заедница во Црна Гора не беа доволно и на вистински начин информирани за превземените мерки и начинот за превензија со коронавирусот.
Со неколку позитивни примери на информирање ромската и египќанска полулација најповеќе беше препуштена исклучиво на активистите од цивилниот сектор.
Дури ни црногорскиот јавен сервис (Радио телевизија Црна Гора - RTCG) од 7 март до ден денешен не ја емитуваше програма на ромски јазик “Savore” (“Заеднo”). Инаку до 7 март таа емисија се емитуваше два пати во месецот.
Активистите од Цивилниот сектор UPRE велат дека помладата генерација вовоглавном се информираше преку социјалните мрежи, но и ним им беше тешко да се снајдат во бирократскиот речник и стручната терминологија.