На 1 јуни – понеделник со почеток од 17 часот по иницијатива на Интернационалната ромска унија –ИРУ и нејзиниот претседател Зоран Димов, се одржа видео конференција каде поканети беа сите релевантни ромски преставници од национални и интернационален карактер, како и преставници – репрезенти од Европските институции пратеници од европскиот парламент и од Европската комисија.
Одѕивот беше значаен и присуствуваа голем дел од поканетите на оваа видео конференција каде покрај организаторот Зоран Димов – Претседателот на ИРУ и неговата советничка Марја Еронен од Финска, учество земаа и многубројни преставници од Европските институции како што се од Европскиот Парламент и Европската комисија и преставници од ромски здруженија, фондации, асоцијации, и граѓански движења како од национално така и од интернационално ниво.
Инаку на овој состанок му престоеше претходна комуникација, споделување на мислења, и дебати.
Самата видео конференција беше конструктивна, отворена и плодна каде за време на состанокот имаше добра дебета и размена на мислења и предлози.
Од сето ова произлезе акција за Стратешки оперативен план , а воедно по иницијатива на Престедателот на ИРУ, Зоран Димов произлезе и Декларација која носи наслов „ Ништо за нас , без нас„ која ќе биде препратена до сите учесници а воедно и до сите други меѓународни институции.
Трагетот на самата декларација е Ромската заедница и приоритетите на сите полиња која е поврзана со ромското прашање.