Париз : Момче Ром од Србија тешко повреден после приведувањето од страна на француската полиција

Габриел Ѓорѓевиќ (14) ромско момче по потекло од Србија според порталот bondyblog.fr

во ноќта помеѓу 25 и 26 мај оваа година беше приведен во полициска станица во париското преградие Бонди. Семејството го пронајде во локалната болница со повреди на главата и лицето. Докторите во болницата сеуште се борат за да му го спасат видот на малиот Габриел. Исто така скршени му се и три заба.

Семејството според лекарскиот извештај подготвува тужба против полицијата на ИГПН.

Семејството вели дека критичната ноќ Габриел кој потенцираат не е проблематично дете, до 23 часот не се појавил дома, имајка му помислила дека е со неговиот постар брат заедно излезен на договорена вечера. Околу 23 часот кога постариот брат Шериф се вратил дома забележал дека креветот на Габриел е празен.

Загрижен излегол да го бара низ градот, затоа што Габриел сам не се одалечувал никаде доцна во ноќта.

Ноќта од полициската станица во Бонди се јавија на семејството дека Габриел е притворен за наводна кражба на скутер. Кога мајка му се јавила изутрина во 8 и 9 часот никој не одговараше од полициската станица на нејзиното телефонирање.

Подоцна се јавија од болница дека Габриел е хоспитализиран од полициската станица во нивната болница.

Бил примен со трауматски повреди на лицето и главата, повраќал, три скршени заби и скршеница на левата максиларна коска.

Во својот исказ тој навел дека околу 01:00 часот по полноќ неговиот пријател се обидел да украде скутер, и дека ја забележале полицијата и почнале да бегаат во две спротивни насоки. Полицијата го стигнала и пред да го приведат, прво го бутнале доле, почнале да го удираат по лицето и го тепале, а потоа му ги ставиле лисиците и го привеле.

Во меѓувреме во Бонди се одржа мирен протест од околу 100 луѓе, во врска со случајот и околностите кој им претходеа и да се каже вистината на овој случај.

 

Link: https://ssup.fr/pariz-srpski-decak-tesko-povreden-posle-privodenja-protesti-gradana-protiv-policije/4/

 

Pin It
FaLang translation system by Faboba

Од 5 Ноември 2022 достапен документарниот филм на СП БТР „Небо, Точак, Земја„ на Max TV и Max TV GO со пребарување –Видеотека

Сакам да речам

6-to Romano Čhavorikanoo muzikakoro festivali 
„Čhavorikano Suno 2022“ – SP BTR

6-ти Ромски Детски музички фестивал
„Детски Сон 2022„ – СП БТР

6th Romani Children's Music Festival
"Children's Dream 2022" - SP BTR

Momentalno Online

Имаме присутни 247 посетители кои го читаат ROMATIMES.NEWS

o Vakti

 booked.net

Најпопуларни

Golden Wheel - Entry Application Form

Flag Counter

Нашиот бројач брои од 13.01.2019
Брои исти посетители од кои земји го гледаат нашиот портал
Најдоле има вкупно колку е посетен порталот