До нула зараза преку три Д: дисциплина, дистанца, дезинфекција

Податоци од регионот покажуваат дека со олабавување на рестриктивните мерки расте процентот на заразени, пред се’ поради непочитување на личната заштита.

 

Денеска заврши учебната година за македонските ученици во основните и средните училишта, во која наставата од последното тромесечие се одвиваше онлајн заради заштита од Ковид-19.

 

Образовните обврски не се завршени единствено за студентите, кои од понеделникот почнаа да полагаат испити по нови правила и протоколи во вонредна состојба. Голем дел од нив се пожалија дека морале да се откажат од полагање на испитите во јуни, затоа што студентските домови се затворени, нема каде да престојуваат, а за секој испит треба да патуваат од местата на живеење.

 

Во Северна Македонија, по неколкудневни биланси со над 100 новозаразени, вчера бројката благо се спушти на 87. Владата не го прифати предлогот на Комисијата за заразни болести за полициски час од 22 часот до 5 наутро, но состојбата ќе се следи внимателно во наредните денови.

 

Од македонското МНР соопштија дека една од темите ќе бидат чекорите за релаксирање на рестриктивните мерки во меѓусебниот режим на движење, во рамки на севкупните слични тенденции во регионот и Европа.

 

.Да се почитуваат трите Д: дисциплина, дезинфекција и дистанца. Подобро е да си со маска, во интерес на твоето и здравјето на околината“, порача во интервју за БНТ директорот на бугарскиот национален центар за заразни болести, д-р Тодор Кантарџиев.

 

Link: https://libertas.mk/do-nula-zaraza-preku-tri-d-disciplina-distanca-dezinfekci-a/

Pin It
FaLang translation system by Faboba

Од 5 Ноември 2022 достапен документарниот филм на СП БТР „Небо, Точак, Земја„ на Max TV и Max TV GO со пребарување –Видеотека

Сакам да речам

6-to Romano Čhavorikanoo muzikakoro festivali 
„Čhavorikano Suno 2022“ – SP BTR

6-ти Ромски Детски музички фестивал
„Детски Сон 2022„ – СП БТР

6th Romani Children's Music Festival
"Children's Dream 2022" - SP BTR

Momentalno Online

Имаме присутни 345 посетители кои го читаат ROMATIMES.NEWS

o Vakti

 booked.net

Најпопуларни

Golden Wheel - Entry Application Form

Flag Counter

Нашиот бројач брои од 13.01.2019
Брои исти посетители од кои земји го гледаат нашиот портал
Најдоле има вкупно колку е посетен порталот