Како една од информациите на ова предизборно време во Хрватска се појави и информацијата дека за преставник Ром во хрватскиот Сабор во изборната единициа 12 ќе се соочат Фрањо Хорват и Вељко Кајтази
„Во оваа изборна единица се бира еден саборски застапник за 12 национални малцинства (ромско, австриско, бугарско, германско, полско, романско, руско, турско, украинско, влашко и еврејско)„ – вели Хорват и додавадека ромското малцинство е најбројно.
Хорват е инаку претседател на Сијузот на хрватските Роми Бајаши и претседател на Одборот на ромското малцинство во Копривничката жупанија. Тој е Ром - Бајаш кој се 90% од севкупниот број на Роми во Хрватска.
„ Со повеќегодишните манипулации , Кајтази успеа оваа групација да ја држи во сенка и така што бајашкиот јазик потполно е заборавен „ Тој вели дека Кајтази веќе три мандата е во хрватскиот Сабор и никогаш не го користел бајашкиот јазик во своите обраќања.