Клубовите заработуваат на заштитни маски – еве кои се најскапи а кои најевтини
Европскиот фудбалер со месеци се бори против коронавирусот, а 49 тимови од петте најсилни лиги продаваат заштитни маски со цел да им помогнат на навивачите да се заштитат, но и да надополнат нешто од енормните загуби кои им ги донесе КОВИД19.
Веб сајтот „Apuestat-deportivas.es“ објави листа на тимови кои лансирале во продажба маски за заштита и кои се најскапите и најпродаваните.
Што се однесува до цената, Барселона е лидер на оваа табела, тие продаваат парче маска по 18 евра, потоа следуваат Рома и ПСЖ со по 15 евра.
Маските на Бетис се најефтини во Шпанија со неполни 4 евра, додека во Германија, најевтините се на Борусија Менхенгладбах и Баер Леверкузен со по 3 евра.