Владата на Република Северна Македонија, на седницата одржана на 13.6.2020 година, донесе Одлука за распределба на финансиски средства наменети за финансиска поддршка на здруженија и фондации за мерки за справување со КОВИД-19 кризата, со која се доделени 40 гранта на здруженија и фондации, во вкупна вредност од 29.519.495 денари или околу 488 илјади евра
Инаку Ромската заедница исто така како дел кој е опфатена во овие мерки Владата одлучи да им додели средства и на четри ромски организации и здруженија во висина од околу 2,742,000 денари или околу 45 илјади евра.
Од ромските организации средства добија Ромски Ресурсен Центар– 810.000 денари (околу 14 илјади евра), РЕЦ Амбрела – 769.500 денари (околу 13 илијади евра), Рома Перспектив –Прилеп – 484.875 денари (околу 8 илјади евра) и Тернипе – Делчево –678.123 денари (околу 11 илјади евра).