Во последните две седмици во Гетинген со коронавирусот се заразиле најмалку 120 лица, меѓу кои и 39 деца.
Главен виновник за ширењето на заразата, како што пренесува “Tagesspiegel” се ромските семејства сместени во комплексот „Идуна“ кои славеле Рамазан Бајрам, прекршувајќи ги препораките на германските власти.
Од градската управа соопштија дека најголемиот дел од учесниците на прославата биле со потекло од поранешна Југославија, односно од соседно Косово.
Ромите од друга страна се бранат и тврдат дека „нултиот пациент“ во центарот бил од друга националност, наводно со потекло од некоја африканска земја, но сега е веќе предоцна за било каква истрага, посебно кога заразата се проширила.
Германските политичари реагираа по случувањата во Гетингем, односно ширењето на коронавирусот
Моментално се врши тестирање на жителите на комплексот кој го обезбедуваат 30-тина полицајци, а тестирањето засега е доброволно.