Вчера како мерка дадена од бугарските власти, ромското маало во Ќустендил , Бугарија покрај претходниот карантин од 14 дена дополнително се ставени во карантин уште 7 дена.
Тоа предизвика вистински револт кај ромското населеније, кое патем во оваа населба брои околу 15.000 Роми.
Тие велат дека одлуката е безпредметна и дискриминаторска.
Се работи за место каде досега регистрирани се само 16 заболени Роми со Ковид 19, и дека тие се веќе идентификувани така што безпредметно е воведување на уште еден седумдневен карантин.
На тој начин овие луѓе се оставени на милост и немилост и без конкретна помош и егзистенција,
Тука најголемиот дел се занимаваат со работа каде дневната заработувачка е единствен извор на приход за преживување.
Дали овие протести ќе вложат со плод и ќе биде укината мерката карантин ќе се знае наскоро