И пандемијата e пречка за пописот во 2021, а не само законот

Пред одложувањето на пописот за 2021 година, парламентарните партии со месеци не можеа да постигна договор за законот според кој би се извела статистичката операција

Вицепремиерот Бујар Османи денеска најави дека пописот на населението, веројатно, ќе се врати во политичката агенда по изборите.

Работни групи последниот обид за да „го поправаат“ Законот за попис го имаа пред неколку месеци, кога беа усогласени дел од забелешките што ги имаше опозицијата.

Пописот на населението, кој требаше да се одржи во април годинава, беше одложен поради предвремените парламентарни избори. Најавите се дека пописот ќе се реализира во април 2021 година.

Пред одложувањето на пописот, парламентарните партии со месеци не можеа да постигна договор за законот според кој би се извела статистичката операција.

Последниот попис во земјава се реализира во 2002 година, по воениот конфликт. Во 2011 година имаше обид за спроведување попис, ама попишувањето беше прекинато со одлука на тогашната влада на ВМРО-ДПМНЕ и на ДУИ. За овој случај СЈО отвори и предмет, со кој беа опфатени лидерот на ДУИ, Али Ахмети, и поранешниот премиер и лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски.

Pin It
FaLang translation system by Faboba

Од 5 Ноември 2022 достапен документарниот филм на СП БТР „Небо, Точак, Земја„ на Max TV и Max TV GO со пребарување –Видеотека

Сакам да речам

6-to Romano Čhavorikanoo muzikakoro festivali 
„Čhavorikano Suno 2022“ – SP BTR

6-ти Ромски Детски музички фестивал
„Детски Сон 2022„ – СП БТР

6th Romani Children's Music Festival
"Children's Dream 2022" - SP BTR

Momentalno Online

Имаме присутни 116 посетители кои го читаат ROMATIMES.NEWS

o Vakti

 booked.net

Најпопуларни

Golden Wheel - Entry Application Form

Flag Counter

Нашиот бројач брои од 13.01.2019
Брои исти посетители од кои земји го гледаат нашиот портал
Најдоле има вкупно колку е посетен порталот

Joomla! Debug конзола

Сесија

Информација за профил

Искористеност на меморија

Барања до базата