Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице, скопјанец на возраст од 37 години, за кого постои основано сомнение дека го сторил кривичното дело „убиство“.
Како што соопшти Јавното обвинителство, јавниот обвинител од Основното јавно обвинителсто Скопје, со поведување на истражната постапка до Судот поднесе Предлог за определување на мерката притвор за осомниченото лице, поради постоење на опасност од бегство и опасност од влијание врз сведоци. Инаку убиството на Ромската од Ш.Оризари се случи пред една година, каде потоа нејзиното тело беше фрлено покрај патот за Горно Оризари.