Домашна платежна картичка со државна помош ќе добијат уште 7.000 граѓани кои не се нашле на листата добитници, а ги исполниле условите. Најголемиот дел од приговорите или 4.052 се однесуваат за средношколци и студенти, 2.572 приговори се одобрени на вработени лица со ниски примања и 483 на невработени. Документите повторно ги проверувале министерствата за образование и труд, Фондот за здравство и Агенцијата за вработување.
Паричните средства не можат да се подигнуваат како готовина, туку со нив само може да се купуваат домашни производи и услуги. Парите треба да се потрошат до 15 август годинава.