Додека Германија работи на тоа љубителите на спортот да ги врати повторно на трибините, тим истражувачи од Универзитетската клиника во Хале, источна Германија, организира експеримент во кој илјадници доброволци би присутвувале на концерт на поп музика.
Научниците се надеваат дека ќе успеат да регрутираат 4.000 учесници кои на 22 август би се собрале во арената во Лајпциг. Доброволците, на возраст од 18 до 50 години, претходно ќе бидат тестирани на коронавирус, а учество ќе им биде дозволено само на тие чиј резултат е негативен.
На концертот ќе настапи популарниот поп пејач Тим Бенцко, за „однесувањето на публиката да биде што поблиско до реалноста", најавија организаторите.
Учесниците ќе мора да носат ФФП2 филтер маски, а ќе биде користено и флуоросцентно дезинфекциско средство кое, покрај тоа што пружа уште еден слој заштита, на научниците ќе им овозможи да следат кои површини публиката најчесто ги допира. Најважно сепак ќе биде што доброволците ќе добијат апарат со кој ќе се следи нивното движење и оддалеченоста од останатите присутни.