Во вторникот околу 23 часот во местото Добшини – Словачка двајца градски полицајци упаднаа во социјалниот стан на едно ромско семејство , однесувајќи се вулгарно, пцуејќи и физички ги нападнале член на селемјството Котлар.
Тие претходно доѓле околу 21 часот и рекле да ја запрат музиката од нивното ДВД кој овие веднаш го намалиле тонот.
Но тие не биле од тоа задоволни и повторно упаднале во станот и физички и вербално го удриле Јарослав Котлар и им го одзече ДВД-то.
Следното утро Јарослав доѓол во полициската станица да си го земе ДВД-то , а за тоа полицискиот службеник му побарал 30 евра. Јарсплав напоменал дека не ја знае причината зошто да плати 30 евра за неговото ДВД кое без орпавдување му било одземено.
Инаку според Прес ТВ ова не е прв пат локалните полицајски службеници да упаѓаат во становите на Ромите и притоа да ги малтретираат. Коталр не поднел пријава за овој случај но Прес ТВ го следи настанот и дали ќе има разрешница за овој инцидент.
You tube: https://www.youtube.com/watch?time_continue=2&v=A05cdVzKlho