Мети Камбери има само 19 години , а многу добро знае што е болка. Толку добро ја знае што за нејзе и напишал книга и ја именувал како „Градот на болката„. Тој во својата книга го опишува својот живот на улица, , без родители и без помош од никого. За помалку од еден месец веќе привиот тираж од книгата „Градот на болката„ е распродаден.
„Сите реакции се позитивни. Романот е номиниран и за награда од НИН, и ќе видиме како ќе пројде, а би сакал да го оценат искрено. Романот ја прикажува анатомијата на болката , затоа што е искрена, динамична и тажна приказна. Луѓето обично ќе ја прочитаа книгата за една ноќ, ден или два и ниту еден не се покајал кога ја прочитал. А тоа ми беше и целта, сакав да пкажам како живеат Ромите на работ на сиромаштијата , сликата за децата без родителски надзор во овој систем. Тоа и всушност и немоќта која ги убива децата од улица„ вели Камбери.