"Имателите на шенген визи кој во март останаа заглавени во Германија поради епидемијата со коронавирусот и не беа во можност да се вратат во матичната држава поради ограничената можност за патување имаат право да останат во Германија до 30 септември. "Поради ефектот од пандемијата со COVID-19, овој правилник ги регулира продолжувањето на привремениот престој„ се вели во правилникот.
Уредбата се однесува за сите странци кој се затекнаа на територија на Сојузна Република Германија на 17 март 2020 со важечка шенген виза или пак влегле по 17 март 2020 и о останаа во Германија до 30 јуни.
За да им се олесни престојот сите тие кој имаат валидна шенген виза можат да побараат работа за кое имаат право.
„Странските државјани кој се иземени од барањето за дозвола за престој во склоп со став 1 можат да работат до 30 септември 2020 година затоа што нивната шенген виза има право на тоа.