Набргу се појави скица на земјиштето каде помошните простории на тоа земјиште: шупа, гаража и штала , кој пред пред купувањето беа на негов, а сега припаѓаат на соседниот имот.
Всушност Рифат Ахметовиќ во 2008 година ја купил куќата со помошните објекти и земјиште од 1.296 m2 во местото Бистарац општина Лукавац . Поради тогашната лоша финансиска состојба тој се вселил дури во 2017 година.
Проблемот настана според Ахметовиќ кога на имотот се појавија неповикани геодети и незаконски вршеа мерење и направија нов план и скица во корист на соседот. Тој одговорил со тужба пред судот, ама никој не сака да го решава тој проблем.
Првата геодетска слика покажува дека помошниот имот се наоѓа на негов имот, додека на втпората се науѓа на граница, помеѓу неговата и соседната куќа.
Од геодетската служба велат дека не направиле никакви поправки на скицата. Но според документацијата ја има Ахметовиќ тие промени се направени.
Инаку Ахемтовиќ е единственото ромско семејство во таа населба и се поставува прашање дали од тие причини тие се непосакувани гости. Ахемтовиќ имотот го купил легално, а сега состојбата е сменета и му се одзема имотот.
Рочиштето за судењето е закажано за 1 септември годинава. Дали ќе успеат да се изборат за своите права.