Новата одлука е донесена после голем број на меѓународни дискусии са расизмот, посебно во САД, каде големите компании ги променија некој од традиционалните имиња на производи поради расни стереотипи. Една од најголемите германски прехрамбени компании „Knorr“ соопшти дека ќе го промени името на популарниот лут „Цигански сос„ (Zigeuner sauce) поради расистичка конотација , наведуваат германските медиуми. Новото име на овој сос е „ Сос од пиперки на унгарски начин„ Најававено е дека овој производ од сос ќе се појави за неколку недели со новот име низ германските продавници и маркети.
Покрај овој производ за време на дискусијата се отвори можност и за промена на името на еден виенски производител на соленки од фирмата Kelly's сака да го преименува својот прозвод именуван како „ Цигански велосипед„ . Од крајот на август тој производ ќе се продава како „Circus Wheels“, - („Циркуско тркало„)