„Небо -Точак-Земја „ – Документарен филм за историјата на Ромите
Продукција: СП БТР, Копродукција: Студио 7
Р.С.Македонија, финансиски подржан од Филмски фонд на Р.С.Македонија
Режија: Коста Марковски
Сценарио: Зоран Димов / Рамуш Муарем –Цирко
Производство: 2020 година
Времетраење: 59 минути
Едно битно прашање?
- Тие се покрај Вас и вашето опкружување, но колку навистина ги познавате Ромите?
- Колку знаете за нивната богата и долга историја, традиција, култура, јазик?
- Дали нивниот живот бил весел како и нивната музика, или пак е тежок, тажен и темен како нивниот тен?
- Зошто е навредлив зборот „Циган„? Зошто се борат да бидат наименувани со терминологијата – РОМ?
- Запознајте се со најпознатите Роми Научници - Нобеловци, претседатели на држави, актери – оскаровци, спортисти... (Данскиот нобеловец за медицина Аугуст Крог, сликарот Пабло Пикасо, Композиторот и виртуоз на виолина Николо Паганини, актерите Чарли Чаплин. Рита Хејворт. Сер Мајкл Кејн, Јул Бринер, Ава Гарднер, Натали Вуд, Елвис Присли, гитаристот на Роулинг Стоунси – Рони Вуд, фудбалерите, Неста, Пирло, покојниот Хосе Антонио Рејес и многу други)
Затоа СП БТР ве повикува на 31 август 2020 година – Понеделник со почеток од 20 часот во Кинотека на Македонија на премиера на новиот Документарен филм „Небо –Точак - Земја„ во Продукција на СП БТР и копродукција на Студио 7.
Линк на Трејлер –мкд -
Линк на Трејлер – енг -