Девизата „Дај што ќе дадеш„ по се изгледа повторно е актуелна помеѓу ромскиот политички блок. По првата разочарувачка за ромската јавност поделба на функциите во првиот ешалон (министери, заменици министери ) од страна на мандатарот за нова Влада, Зоран Заев сега ќе биде актуелна и поделбата на функции за новоформираниот директуриум ,, секретаријат или агенција, (се рабира дека нема повеќе место за –министер без ресор), потоа позиции за некои директорски места на јавни претпријатија и нивните заменици, државни секретари и др.
И веднаш помеѓу ромските партии и нивните лидери земаа калкулатори и почнаа преместките каде, кој за која позиција. Ако не може пратеник, министер, заменик министер или помошник министер, да се фати возот за следните функции. Почнаа удварања, убедувања до власта прво за себе едно „убаво и функционално место –позиција„ и потоа „дај што ќе дадеш„ за нивните блиски, фамилијарни и партиски мегафони!
Пракса кој и после првиот „нокдаун„ од власта кон ромскиот ештаблимент, тргнаа со онаа „надежда последна умира„.
Фразата „Јас да си се укотвам, а после вас кој ве врти„ е мотивот по кој се водат политичките лидери, без размислување за својот народ, за својата заедница што ќе биде со нив!.
А и тие функции доколку се успее да се „лапнат„ , не се тргнува од фактот дека таа позиција е потребно да му припадне на некој професионален и во таа насока едуциран кадар. Ама на кого му е грижа за тоа? На ромските лидери приоритет им е тие да ја земат евентуално понудената фнкција –позиција. Затоа што тие вечно се гледаат дека се пратеници, министери, заменици министерим директори, раководители... Власта и фотелјата е слатка. А дали има професионален и образовен кадар за тие функции, а не е партиски определен – е за тоа за сега нема простор.