Живото на голем број на Роми во БиХ и пред пандемијата со коронавирусот , беше борба за опстанок. Соочување со сиромаштијата , диксриминацијата, вработување и обарзование на децата во овие неколку месеци беше уште потешко поради пандемијата.
Луѓето се на работ на егзистенција и препуштени на милост и немилост од оние кои се на власт. Најчестото прашање е како да се прехрани семејството. Храна на масата има се помалку секој ден, а работа нема. Пакетите со хуманитарна помош се добредојдени но се решение за неколку дена или седмици. Како понатаму? Сабит Муратовиќ е еден од многумината Роми во Босна. Тој има 32 години и татко е на шест деца и заеднио со сопругата живее кај родителите. За многумина е незамисливо да се спие во една соба со повеќе членови, но за Сабит и семејството тоа е реалност.
Струја немаат моментално затоа што немаат пари да го платат долгот. За нив изминативе месеци беше само борба за преживување.
Семејството Муратовиќ повеќе пати се пријавило на јавни повици за доделување на станови за ромската популација, но како што вели Сабит секогаш е одбиен со напомена дека не ги исполнувал условите.
„Ние десетина спиеме во една соба. Во куќата има уште една соба но немам никаков мебел за неа. Децата растат и бараат свои соби, а јас не можам тоа да им го дозволам. Тако ми е болен е многу е тешко„ вели Сабит.
Link: http://www.portal-udar.net/zivotne-price-svakodnevnica-roma-koji-su-zbog-korone-ostali-bez-posla/