“Се што работиме , работиме под голем ризик. Немаме ниту ракавици ниту маски. Не смееме ниту да допираме, а со години собираме секундарни суровини и на тој начин заработуваме за да го прехраниме семејството„ напоменува Мишо Узеировиќ од Бања Лука.
Според неговите зборови , ромската популација во БиХ е заборавена, нарочито во време на пандемијата со коронавирусот.
“ Нормално дека се плашиме и имаме страв, но тоа никому не ми е грижа„ вели Мишо. Голем број на Роми за време на пандемијата останаа без работа.
Според ромските владини преставници повеќето ромски семејства живеат во сиромаштија , и вовглавном се занимаваат со собирање на секундарни суровини.
“Тоа беше невозможно за време на пандемијата и превземените рестриктивни мерки. Истовремено и Ромите кој беа вработени во јавниот сектор, околу 30% од нив за време на оваа криза, завршија на улица. Тоа е огромен хендикеп и дискриминациа„ велат од таму.
“Најголемиот проблем е можеби што многу Роми немаат ниту здравствено осигурување м и многумина од нив се препуштени сами на себе. Ромските маала каде живеат тие вовглавном се изолирани од остатокот од популацијата живеат на периферија од градовите и немаат поголем контакт со останатото население„ велат изворите.
Сојузот на Ромите во БиХ кон крајот на март оваа година испрати барање до Министерството за иницијатива во Владата на БиХ од фондовите и грантовите за здравствена заштита на Ромите одвојат средства во висина од 150.000 евра и да се изврши најхитна интервенција во набавка на дезинфекциони и хигиенски средства. Меѓутоа ниту по пет месеци , помошта сеуште не е пристигната.