Интернационалната Ромска Унија –ИРУ најостро го осудува ваквото однесување на полициските службеници на Република Северна Македонија и изразува огорченост поради овој настан.
ИРУ длабоко верува дека Република Северна Македонија како кандидат за членка во ЕУ и во системот на државата дека трајно ги има вкоренето вредностите за достоинство, праведно општество, недискриминација и заштита на човековите права.
Истовремено предупредува дека самите полициски службеници ја пречекориле нивната службена должност, а санкцијата на полицајците ќе биде пример за секој во иднина ако на сличен начин постапи повторно
Затоа се повикува, Министерство за внатрешни работи, да го осуди настанот, најостро да ги санкционира сторителите и да ја информира јавноста за преземените мерки и санкции.
Јавното обвинителство да покрене постапка, по допрен глас ВЕДНАШ.
Ваквиот третман кон ранливите групи граѓани, кои долги години во изминатиот период беа жртви на полициско насилство, мачење и понижувачки третман, нема да ја врати довербата во полицијата. Напротив, ваквото однесување дополнително придонесува граѓаните да се чувствуваат загрозено и исплашено.
Со почит
Зоран Димов
Престедател на ИРУ