На социјалната мрежа ФБ од својот профил извесен Зоран Христовски од Битола, буквално со своите коментари повикува на линч и освета кон Ромите.
Во ниту еден момент во неговите коментари не покажа ниту каење ниту респект, туку напротив кон сите реплики враќаше со вулгарности и крајно иритирачки заклучоци и мислења.
Тој воопшто не водеше грижа ниту за профилот на неговиот соговорник, туку едноставно во секој негов коментар го изразуваше нетрпението кон Ромскта заедница како во Битола така и во државата.
Затоа и се упатува апел до МВР да ги погледне заканите кои што ги упатува човеков ... Исто така прашање до министерот Оливер Спасовски и до другите државни институции можеме ли да сметаме на тоа дека безбедноста на Ромите од Битола и пошироко ќе биде загарантирана? Искрено, се надевам дека случајот нема да премине во поттикнување на лична одмазда каде што би настрадале недолжни граѓани! Затоа што човекот дефинитивно бара освета а не правда!