Во општина Разлог во Република Бугарија во една ромска населба на 28 септември избувна пожар од катастрофални размери. Во огнената стихиа целосно изгореа куќи од седум ромски семејства. За среќа немаше човечки жртви. Пожарот се случил кога сите спиеа во 04:15 часот изутрина
Инаку во тие куќи живееа 22 члена од кои 10 деца. Сега на тие седум семејства им е потребна храна, облека, ќебиња, како и пари. Општина Разлог прави сè што е потребно за поддршка на семејствата
Администарцијата на општината на ФБ се обрати до сите со барање за помош - прехранбени производи, што е можно пакувани, сочувани, како и сочувана облека може да се обезбеди во зградата на општинската администрација.
Се должи отворањето на банкарска сметка од страна на Иницијативниот комитет, која дополнително ќе биде објавена на Фејсбук и веб страната на Општина Разлог. Остварен е контакт со Бугарскиот Црвен Крст, благодарение на кој ќе биде доставена храна и облека
Се вели во ФБ објавата на Красимир Герчев, градоначалник на Општина Разлог