Камендин во Земун Поле еден е од ретките проекти на социјално домување во Белград. Пробелмот на станарите од Камендин испливаа на површина кога сфатија дека државата им обезбеди домување со многу високи давачки.
“Пред да дојдам во Камендин . живеев со семесјтвото во Чукаричка падина во барака. На конкурсот го добивме местото. Да знаев што не чека , никогаш не би дошол овде„ вели еден од станарите.
Во Камендин се наоѓаат околу 80% од социјалните станови лкој ги згради градот Белград. Во прашање е сегрегирана населба на периферија од градот Белград, 17 километри од центарот на градот, каде живеат најсиромашните и најранлива категорија на луѓе.
“Тука сме сите заедно: деца од хранителски семејства, инвалиди, луѓе со ментални проблеми Ромии други„
Услов за добивање на стан во Камендин беше приходот на тие семејства . Но по населување испадан дека месечните режиски трошоци изнесуваат близу 200 евра. Покрај тоа станарите плаќаат станарина и данок за социјален стан, што е контрадикторно, затоа што плаќаат за стан кој не е во нивна сопственост.