Умре тоа „Калимеро нема правда„, ДУИ најави вработувања за 640 Албанци во администрација. Сега Ромите се црната овца во „Едно општество за сите„

Според инфомациите од некои медиуми, следната недела се очекува да биде објавен оглас за вработување на Албанци во администрацијата, велат партиски извори од ДУИ,
Конкурсот кој што се подготвува, предвидува вработување на вкупно 800 административци, од кои 640 ќе бидат Албанци, а 160 од други етнички заедници.
Познавајќи ја досегашната практика на вработување во државната администрација каде Ромите со пописот од 2002 се околу 2.6 проценти , но вработеноста во администрацијата е нешто под 1%, се очекува најоптимистички да се вработат максимум од тие „ресто 160 админстративци„ ако бидат 10 Роми ќе треба да се прослави со факели и огномет. 
Ако според „Утрото денот се познава„ и според она што добија Ромите досега од оваа коалиција (читај: раководни позиции во законодавната и извршната власт) навистина ќе биде вистинска „лото седумка„ ако има десетина вработени Роми административци.
Ова е вистинската рефлексија од преговарачката моќ на ромските преставници од власта за позиционирање и бракње интереси на ромската заедница во државата.
Ако порано во таа „кошница„ имаше брканица и реакции од страна на други националности и етнички заедници, и онаа стандардна „Калимеро нема правда„ кога се работеше за албанската заедница во државата, сега времињата се сменија и веќе Калимеро не е обесправен, туку двигател на сите политики во државата. Браво Калимеро , сега не си црно пиле со бела лушпа од јајце на глава. Сега си господин човек!
А ние Ромите? Кај сме ние? Бевме и си останавме онаа црна овца од цртаниот со Пинк Пантер. Обележана, неприметна и се задоволува со малку трева за пасење. И така до недоглед. Или онаа народната. Додека некој јаде само месо, а другито само зелка – просекот е сарма! А тоа е мора да признаеме – ептен јак просек!
За нас Ромите важи онаа: „Ајде навали народе на зелка без месо! Битно е да вари нешто желудникот, а што вари не е битно. Бркај работа!

Pin It
FaLang translation system by Faboba

Од 5 Ноември 2022 достапен документарниот филм на СП БТР „Небо, Точак, Земја„ на Max TV и Max TV GO со пребарување –Видеотека

Сакам да речам

6-to Romano Čhavorikanoo muzikakoro festivali 
„Čhavorikano Suno 2022“ – SP BTR

6-ти Ромски Детски музички фестивал
„Детски Сон 2022„ – СП БТР

6th Romani Children's Music Festival
"Children's Dream 2022" - SP BTR

Momentalno Online

Имаме присутни 353 посетители кои го читаат ROMATIMES.NEWS

o Vakti

 booked.net

Најпопуларни

Golden Wheel - Entry Application Form

Flag Counter

Нашиот бројач брои од 13.01.2019
Брои исти посетители од кои земји го гледаат нашиот портал
Најдоле има вкупно колку е посетен порталот