Колку е реалниот број на Роми во Македонија? Според НВО секторот тие се над 135.000!

На територијата на Република Северна Македонија првите попишувања се јавуваат во 15 век, кога турските власти ги попишувале само даночните глави и машкото население. Постојат руски, француски, грчки и други извори на податоци за попишување на населението во 19-тиот век. Првиот современ попис на територијата на Република Македонија е спроведен во 1921 година. По Втората светска војна, во Република Македонија се спроведени 8 пописи: 1948, 1953, 1961, 1971, 1981, 1991 и 1994 и 2002 година. Пописот во 1991 година беше со нецелосен опфат и затоа во 1994 година повторно е спроведен попис во истата декада. Пописот во 1994 година е прв попис во Република Македонија по нејзиното осамостојување. Пописот во 2002 година е последниот спроведен попис во Република Македонија. Според податоци од пописот 2002 Вкупно:2,022,547 жители
Според Етнички состав тие се: Македонци: 1,297,981 или 64.18%, Албанци: 506,083 или 25.17%, Турци: 77,959 или 3.85%, Роми: 53,879 или 2.66%, Срби: 38,939 или 1.78%,
Бошњаци 17,018 или 0.84% и друго.
Според теренските активности на поголем дел од ромскиот НВО сектор бројаката на Роми во државата во изминатиов период, бројката на Ромите е двојно поголема од таа која сега е како официјална бројка. Според НВО секторот тие бројки се движат вака:
Скопје, над 69.000, Куманово 6.500, Крива Паланка 650, Кратово 400, Пробиштип 50, Штип 5.000, Кочани 3.500, Виница 3.000, Делчево 1.000, Пехчево 400, Берово 700,Струмица 6.500, Валандово 500, Гевгелија 1.400, Дојран 155, Велес 4.000, Неготино 570, Демир Капија 15, Кавадарци 1.500, Прилеп 12.000, Битола 5.000, Градско 320, Радовиш 300, Свети Николе 250, Крушево 0 , Тетово 6.000, Гостивар 3.000, Маврово 10, Дебар 200, Кичево 3.000, Охрид 100, Струга 200 и Ресен 150. Севкупната бројка изнесува 135.490 Роми.

Pin It
FaLang translation system by Faboba

Од 5 Ноември 2022 достапен документарниот филм на СП БТР „Небо, Точак, Земја„ на Max TV и Max TV GO со пребарување –Видеотека

Сакам да речам

6-to Romano Čhavorikanoo muzikakoro festivali 
„Čhavorikano Suno 2022“ – SP BTR

6-ти Ромски Детски музички фестивал
„Детски Сон 2022„ – СП БТР

6th Romani Children's Music Festival
"Children's Dream 2022" - SP BTR

Momentalno Online

Имаме присутни 119 посетители кои го читаат ROMATIMES.NEWS

o Vakti

 booked.net

Најпопуларни

Golden Wheel - Entry Application Form

Flag Counter

Нашиот бројач брои од 13.01.2019
Брои исти посетители од кои земји го гледаат нашиот портал
Најдоле има вкупно колку е посетен порталот