Бројот на инфекции во ромските заедници е непознат, затоа што не се тестирани и не информирани во случај како да постапуваат во случај дека се сомнителни на корона вирусот , се вели во истражувањата на мрежата Euractive. Ромите како најголема етничка заедница во Европа доживеаа шокантно миво на институционален расизам и дискриминација ширум ЕУ за време на пролетниот lockdown , вклучувајќи ги и обвинувањата дека го шират вирусот. И покрај вториот бран од корона вирусот помалку се стигматизирани , нивните социјални проблеми не се ниту најмалку подобрени.
Во Италија во вториот бран на корона вирусот потешко се погодени припадниците на ромската заедница , се зголеми нивната социјална исклученост, Euractiv напомена Карло Стасола , претседател на Associazione 21 Luglio, непрофитабилна организациај која им помага на луѓето и општествените групи кој се маргинализирани. Стасола напомена дека владата не го променила својот пристап за проблемите со кој се соочува ромската заедница помеѓу двата брана. Донесени се само мали локални иницијатива , вовглавном дистрибуција на храна. Не постои заштита за тие кој ги загубија своите работни места или приходи, ниту здравствена контрола низ камповите ширум Италија.
Link: http://www.portal-udar.net/novi-val-virusa-u-evropi-romi-opet-najugrozeniji/