Човековите права да бидат во фокусот на политиките за закрепнување од кризата

За овогодишното одбележување на Денот на човековите права, Обединетите нации ја избраа темата ”Recover Better – Stand Up for Human Rights”, ставајќи ги човековите права во центарот на напорите за подобро закрепнување од пандемијата на COVID-19.
И кај нас, како и во другите земји во светот, пандемијата ги исфрли во прв план системските аномалии и слабости на државите, коишто придонесуваат за зголемување на нееднаквоста и дискриминацијата по различни основи.
Поаѓајќи од секојдневните контакти со граѓани, кои се соочиле со прекршување на нивните права, како и редовниот мониторинг на состојбите во повеќе области, нашите клучни препораки за претстојниот период на закрепнување од кризата се:
Дискриминацијата по различни основи е коренот на многу проблеми. Затоа е потребно креирање на професионални и ефикасни тела кои ќе се борат против нееднаквоста во општеството, проследено со сериозни системски промени кои ќе овозможат доследна примена на начелото на еднаквост во сите општествени сфери.;
Новиот Закон за работните односи треба да ги рефлектира вистинските потреби на работниците што ги наметна кризата и да ги вклучи лекциите произлезени од неа, со цел да се подобри состојбата со работничките права;
Жените се несразмерно повеќе погодени од последиците на пандемијата. Носителите на одлуки не смеат да ја игнорираат родовата димензија на кризата.
Потребно е носење и имплементирање на политики за унапредување на родовата еднаквост, кои ќе ја адресираат специфичната положба во која се наоѓаат работничките, а истовремено ќе овозможат постојниот општествен и трудов систем да ги заштити подеднакво сите работнички, без разлика на нивниот статус во работните процеси (формален или неформален).
Потребна е сеопфатна политика и мерки кои ќе ги заштитат сиромашните граѓани и ќе ги извлекуваат од состојба на постојан социјален ризик;
Усвојувањето на новиот Закон за спречување и заштита од насилство врз жените и семејно насилство, мора да биде проследено и со длабоки реформи во постапувањето на надлежните институции;
Лицата со попреченост се уште претставуваат една од најмаргинализираните групи во општеството и беа диспропорционално засегнати од ефектите на пандемијата.
Потребно е нивна еднаква вклученост во процесите на донесување одлуки и во сите сфери на општествениот живот со цел да се обезбеди нивно непречено функционирање и достоинствен живот.
Санкционирање на говорот на омраза затоа што ги продлабочува поделбите меѓу луѓето и влијае на нарушување на принципите на солидарност и хуманост.
Воспоставување на превентивен образовен механизам и едукација на младите за надминување на предрасудите и стереотипите.

Pin It
FaLang translation system by Faboba

Од 5 Ноември 2022 достапен документарниот филм на СП БТР „Небо, Точак, Земја„ на Max TV и Max TV GO со пребарување –Видеотека

Сакам да речам

6-to Romano Čhavorikanoo muzikakoro festivali 
„Čhavorikano Suno 2022“ – SP BTR

6-ти Ромски Детски музички фестивал
„Детски Сон 2022„ – СП БТР

6th Romani Children's Music Festival
"Children's Dream 2022" - SP BTR

Momentalno Online

Имаме присутни 325 посетители кои го читаат ROMATIMES.NEWS

o Vakti

 booked.net

Најпопуларни

Golden Wheel - Entry Application Form

Flag Counter

Нашиот бројач брои од 13.01.2019
Брои исти посетители од кои земји го гледаат нашиот портал
Најдоле има вкупно колку е посетен порталот