Малчанскиот бербер во Србија осуден на доживотен затвор

Нинослав Јовановиќ, попознат како Малчански бербер, е осуден на доживотен затвор за злоупотреба на малолетно девојче од Брзи Брод. Пресудата е првостепена и е донесена во Високиот суд кратко по 11 часот, во присуство на семејството на повредената малолетничка, како и бројни новинари. Јовановиќ не беше на судењето.
Јовановиќ не присуствуваше на изрекувањето на пресудата.
Постапката против Јовановиќ (46), попознат како Малчански бербер затоа што им ја потстрижувал косата на своите жртви, била затворена за јавноста поради заштита на интересите на малолетничката.
Вишото јавно обвинителство во Ниш на крајот на март минатата година поднесе обвинение против Јовановиќ, но поради заштитата на интересите на малолетната жртва во овој случај, не беше соопштено правно квалификување на кривичното дело за кое тој се товари. Истрагата против Јовановиќ е спроведена поради кривични дела киднапирање и силување на дете, за што се заканува затворска казна од десет години до доживотен затвор.
Јовановиќ веќе двапати беше затворен за силување, киднапирање и злоупотреба, еднаш 10 години и втор пат 12 години. Тој ја киднапираше последната жртва на 20 декември 2019 година, на пат кон училиште. Тој се криеше со неа во напуштени куќи и викендички на потегот од Ниш до Књажевац. Девојчето беше пронајдено на 28 декември 2019 година во Пасјача, во близина на Ниш, по потера во која учествуваа припадници на Министерството за внатрешни работи и на Армијата на Србија, жандармеријата и бројни здруженија на граѓани, ловци и планинари. Седум дена подоцна, Јовановиќ беше фатен на селските гробишта во неговото родно село Малча.
Инаку и самите родители на девојчето Моника.К велат дека се задоволни од донесената пресуда.
„Денес сме пресреќни затоа што завршивме еден дел, поточно се. ИУм благодариме на судот и полицијата кој беа за цело време со нас, а „Млачанскиот бербер„ ја доби заслужената казна„ беа зборовите на мајката Александра К.

Pin It
FaLang translation system by Faboba

Од 5 Ноември 2022 достапен документарниот филм на СП БТР „Небо, Точак, Земја„ на Max TV и Max TV GO со пребарување –Видеотека

Сакам да речам

6-to Romano Čhavorikanoo muzikakoro festivali 
„Čhavorikano Suno 2022“ – SP BTR

6-ти Ромски Детски музички фестивал
„Детски Сон 2022„ – СП БТР

6th Romani Children's Music Festival
"Children's Dream 2022" - SP BTR

Momentalno Online

Имаме присутни 335 посетители кои го читаат ROMATIMES.NEWS

o Vakti

 booked.net

Најпопуларни

Golden Wheel - Entry Application Form

Flag Counter

Нашиот бројач брои од 13.01.2019
Брои исти посетители од кои земји го гледаат нашиот портал
Најдоле има вкупно колку е посетен порталот