Колумна на Зоран Димов: Пописот во Април 2021 е важен и за Ромите. „Не се плаши, не се срами од тоа што си. Важна е бројката на Ромите„

Според најавите следниот попис на населението во Р.С. Македонијае треба да се одржи во април 2021 година. Не треба да напоменувам дека оваа статистиќка операција за попис на населението, освен за другите многу е важна и за Ромската заедница. Сакале или не важноста е наметната и кај нас многу се битни и бројките со кој ке се решаваат и многу други важни државни, општествени и политички бенефити. Според последниот попис на население Ромите беа околу 2,6% или нешто над 56 илјади Роми.
Според проценките на ромскиот НВО сектор тој број сега изнесува скоро 80 % поголем и бројката е близу 100.000 Роми. Во април 2021 е битно сите кој ќе се попишат да се изјаснат она што се навистина.
Сведоци сме и дека голем број на Роми сакале или не, сиве овие години се „претопувале2 во се друго само не во Роми. Таков тренд е и во западна Македонија каде во минатото се претопувале во Албанци, во вардарскиот регион во Македонци, а во источниот и југоисточниот во Турци.
Според мене време е да се смени оваа навика. Ако сакаме поголем просперитет на ромската заедница во државата потребно е да се освестиме и да бидеме тоа што сме и со векови, а тоа е Роми. Затоа и мислам дека сите ние Роми без разлика на политичка, религиска или социјална определеност и состојба, јасно и гласно да кажеме кој сме. Затоа и е потребно да се направи и кампања со која ќе може да се олесни и оваа одлука. Таа кампања да носи наслов „Не се плаши, не се срами од тоа што си. Важна е бројката на Ромите„ Само така преку таква кампања ќе се мотивира и охрабри овој напатени маргинализиран народ , да се изјасни онака како што е / Ром.
Време е да се отворат очите, време е да се престане со манипилативни бројки. Време е да се знае точниот број во сегменти на административна застапеност. Оваа бројка е важна и за кроење на идната стратегија на Ромите, за нивната застапеност во сите државни институции, за вработување и политичка застапенсот како во Парламентото така и во Владата. Затоа што и Ромите сепак плажаат даноци и сите давачки кон државата и не се поштедени од ништо. Со одважност и отвореност може да се дојде до вистината.
Затоа и пописот во април 2021 е многу важен за иднината како на сите народи , така и ѕа Ромите во државата. Затоа што пооа и ќе зависи таа застапеност и на државно ниво. А таа застапеност може да придонесе и за напредок на државата , а со тоа и на ромската заедница во беа. Важна е бројката затоа што и ЕУ го сака тоа. Затоа и ќе повторам, „Не се плаши, не се срами од тоа што си. Важна е бројката на Ромите„

Pin It
FaLang translation system by Faboba

Од 5 Ноември 2022 достапен документарниот филм на СП БТР „Небо, Точак, Земја„ на Max TV и Max TV GO со пребарување –Видеотека

Сакам да речам

6-to Romano Čhavorikanoo muzikakoro festivali 
„Čhavorikano Suno 2022“ – SP BTR

6-ти Ромски Детски музички фестивал
„Детски Сон 2022„ – СП БТР

6th Romani Children's Music Festival
"Children's Dream 2022" - SP BTR

Momentalno Online

Имаме присутни 386 посетители кои го читаат ROMATIMES.NEWS

o Vakti

 booked.net

Најпопуларни

Golden Wheel - Entry Application Form

Flag Counter

Нашиот бројач брои од 13.01.2019
Брои исти посетители од кои земји го гледаат нашиот портал
Најдоле има вкупно колку е посетен порталот