Нема да има традиционална свадба. Да се дадат ригорозни протоколи според кои ќе се работи. Од шест до осум гости да седат на иста маса, и тоа ќе бидат луѓе од иста фамилија. Ќе бидат со маски, единствено ќе ги симнуваат маските кога ќе вечераат или одат до тоалет. Бендот ќе свири на пет метри од првата маса, ќе има средства за дезинфекција на секоја маса- ова се протоколите за организирање на свадби и семејни веселби кои ги побараа од Владата угостителите за време на протестот каде се приклучија останати лица , како што се музичари, фотографи, сниматели и др.
Тие на протестот побараа итно укинување на забраната за секаков вид на настани во отворен и затворен дел од угостителските објекти, односно бараат државата да донесе протоколи со кои ќе можат да се прават свадби, крштевки, роденден. Инаку најавија и на продолжување на протестите кои се планираат за 22-ри и 23-ти февруари.