Резултатите од направена аутопсија на телото на Сара Асановиќ (27) која беше убиена во саботата навечер на бензиска пумпа во Врање, покажа дека првитр претпоставки од истрагата биле точни и дека убиецот Маријан Стаменковиќ кој синоќа си го одзеде живототза време на полициската акциа за негово пронаоѓање испукал шест куршуми во неа.
Обдукцијата покажа дека 4 куршуми беа испукани во неа и два во грбот на жртвата. Потесетуваме дека Маријан Стаменковиќ поради сеуште неразјаснети мотиви таа вечер ја застрелал девојката со која седеше на иста маса во друштво со друг маж.
Сара Асановиќ беше погребана завчера на ромските гробишта во Врање.
Маријан Стаменковиќ изврши самоубиство завчера доцна попладне. Полицијата трагала по него цели два денаа кога го лоцирала на улицата Иво Андриќ и започна акција за негово апсење, тој извршил самоубиство. Марјан Стаменковиќ (47) излегол од затвор во јануари годинава, по 12 години одлежани за убиство.