Отворен е Јавниот конкурс за престојниот Попис на населеније и домаќинства во Р.С Македонија. Ромски попишувачи 113

Во пресрет на престојниот Попис на население, домаќинства  кој треба да се одржи од 1 до 21 Април оваа година ДСЗ го објави конкурост за Реонски инструктори и попишувачи. При изборот на кандидатите кои се пријавиле за реонски инструктори ќе се има предвид етничката структура на населението во соодветниот пописен реон.

Кандидатите кои ќе се пријават на овој конкурс треба да ги исполнуваат следните услови:

а) Општи услови

  • да се државјани на Република Северна Македонија,
  • да се полнолетни,
  • да имаат завршено најмалку средно образование и
  • да немаат засновано работен однос.

б) Дополнителни услови

  • познавање на работа со персонален компјутер и
  • познавање на соодветниот јазик на заедницата според табеларниот преглед .

Електронската апликација за пријавување можете да ја најдете на: https://www.stat.gov.mk/popis/PrijavaPopis2021.aspx (пријава на македонски

јазик) и https://www.stat.gov.mk/popis/PrijavaPopis2021_al.aspx (пријава на

албански јазик), во периодот од 23.02.-28.02.2021 година.

 

Заинтересираните кандидати кои ќе достават електронска пријава, потребните документи ги доставуваат исклучиво во хартиена форма по пошта до Државниот завод за статистика, ул. Даме Груев бр.4 во Скопје, п.фах 506, најдоцна 01.03.2021 година или на денот на закажаното тестирање во просториите каде што ќе се спроведе тестирањето.

Документите пак во хартиена форма кој се доставуваат преку пошта или лично треба да ги има и следните документи.

а) Доказ за државјанство – фотокопија од: лична карта или уверение за државјанство или важечка патна исправа

б) Доказ дека има завршено најмалку средно образование - фотокопија од: свидетелство или уверение или диплома за завршено образование

в) Писмена изјава дека нема засновано работен однос

г) Писмена изјава дека има познавање од работа со персонален компјутер

Ангажирањето на избраните кандидати ќе биде по основ на Договор за дело. Кандидатите со некомплетни документи нема да бидат земени предвид при разгледувањето.

Pin It
FaLang translation system by Faboba

Од 5 Ноември 2022 достапен документарниот филм на СП БТР „Небо, Точак, Земја„ на Max TV и Max TV GO со пребарување –Видеотека

Сакам да речам

6-to Romano Čhavorikanoo muzikakoro festivali 
„Čhavorikano Suno 2022“ – SP BTR

6-ти Ромски Детски музички фестивал
„Детски Сон 2022„ – СП БТР

6th Romani Children's Music Festival
"Children's Dream 2022" - SP BTR

Momentalno Online

Имаме присутни 696 посетители кои го читаат ROMATIMES.NEWS

o Vakti

 booked.net

Најпопуларни

Golden Wheel - Entry Application Form

Flag Counter

Нашиот бројач брои од 13.01.2019
Брои исти посетители од кои земји го гледаат нашиот портал
Најдоле има вкупно колку е посетен порталот