На неодамна објавените резултатите од конкурсот од областа на Културата за 2021 година на пресот за медиумите од страна на министерската за култура Д-р Ирена Стефоскам беше соопштено дека на Конкурсот за 2021 година пристигнале рекордни 6352 апликации.
Според Министерството за култура во 2021 година поддржа проекти кои се во функција на развојот, афирмацијата и промоцијата на културата, заштитата и промоцијата на културното наследство на нашата земја и сето тоа дополнето со проекти од младите и за младите. Особено беше посветено внимание на еднаквата родова застапеност, на инклузијата на лицата со попреченост и на интеркултурниот дијалог.
Тоа што „боде во очи„ е дека од севкупниот буџет во висина од околу 11 милиони евра од разни области во култура за ромските активности одвоени и одобрени средства во висина нешто помалку од 50.000 евра, од севкупните 6325 пристигнати апликации за Ромите едвај се одобреми нешто близу дваесетина проекти, Дали си тие средства Ромите и ромската заедница ќе може како што напомена министерката Стефоска цитирајќи ги зборовите на холандскиот историчар и еден од основачите на модерната културна историја Јохан Хојзинга: „ Ако сакаме да ја сочуваме културата, мораме да продолжиме да ја создаваме„. Но ајде создавај култура без пари ако може?