Усвоена Информацијата за проектот за социоекономска интеграција на Ромите повратници од Западен Балкан“

На предлог на Министерството за труд и социјална политика Владата денеска ја разгледа и усвои Информацијата за проектот „Зајакнување на националните и локалните системи за поддршка на ефективната социоекономска интеграција на Ромите повратници од Западен Балкан“. Буџетот на проектот е 4,6 милиони евра, а ќе се имплементира регионално во три држави, Република Северна Македонија, Република Србија и Република Албанија. Финансиран е од Европската комисија и УНДП. -Проектот има за цел да ги унапреди капацитетите на западнобалканските земји на централно и локално ниво за спроведување сеопфатни модели за реинтеграција на повратниците со поопширна агенда за социјална инклузија со унапредување на социоекономската благосостојба и разрешување на изворните причини и негативните фактори за миграција на Ромите и ранливите популации, информира владината прес-служба. Владата на денешната седница ги задолжи Министерството за труд и социјална политика и Канцеларијата на претседателот на Владата да ги координираат активностите за имплементацијата на проектот. 

Pin It
FaLang translation system by Faboba

Од 5 Ноември 2022 достапен документарниот филм на СП БТР „Небо, Точак, Земја„ на Max TV и Max TV GO со пребарување –Видеотека

Сакам да речам

6-to Romano Čhavorikanoo muzikakoro festivali 
„Čhavorikano Suno 2022“ – SP BTR

6-ти Ромски Детски музички фестивал
„Детски Сон 2022„ – СП БТР

6th Romani Children's Music Festival
"Children's Dream 2022" - SP BTR

Momentalno Online

Имаме присутни 154 посетители кои го читаат ROMATIMES.NEWS

o Vakti

 booked.net

Најпопуларни

Golden Wheel - Entry Application Form

Flag Counter

Нашиот бројач брои од 13.01.2019
Брои исти посетители од кои земји го гледаат нашиот портал
Најдоле има вкупно колку е посетен порталот